Според член 44 од Правилникот за користење на лифтови и транспортери, барањето треба да го содржи следното:
- име, презиме и адреса или назив и седиште на подносителот на барањето,
- тип и намена на опремата за подигање,
- локација каде е вградена опремата за подигање,
- име, презиме и адреса или назив и седиште на производителот, или лицето кое ја пушта на пазар опремата за подигање или правното лице кое извршило значајни измени на истата,
- писмена изјава дека слично барање не е поднесено до некое друго независно правно лице,
- документација за опремата за подигање,
- податоци за извршени значителни промени со соодветна документација,
- технички извештаи од претходни технички прегледи и/или испитувања на опремата за подигање,
- сертификат за сообразност на опремата за подигање и/или на вградените сигурносни уреди.
Техничката документација треба да содржи:
- сите потребни пресметки, скици, цртежи, електрични шеми и дополнителни измени на конструкцијата на опремата за подигање,
- сертификат за сообразност на опремата за подигање,
- сертификат за сообразност на вградените сигурносни уреди,
- упатство за употреба, упатство за одржување и упатство за периодични прегледи,
- матична книга на опремата за подигање.


